Хамес Родригез си замина од Сао Паоло, се враќа во Шпанија

555

Хамес Родригез повеќе нема да игра за бразилски Сао Паоло. Репрезентативецот на Колумбија го раскина договорот со бразилскиот клуб и сака да се врати во Европа.

„Глобо Ешпорте“ пренесува дека претставници на 33-годишниот играч од средниот ред се договориле со раководството на клубот за раскин на договорот кој беше со важност до летото 2025 година. По фантастичните настапи на Копа Америка, Хамес веќе доби неколку понуди за враќање во Шпанија, каде што играше за Реал Мадрид.

Колумбиецот одигра 22 натпревари за Сао Паоло и постигна 2 гола.

ПретходноГордоста на Македонија денеска го слави својот 77-ми роденден!
СледноЛК:Струга ТЛ ако го мине Пјуник во следната фаза ќе игра со подобриот од двомечот Диферданж – Ордабаси!