Баерн одби 40 милиони евра за Де Лихт

377

Баерн Минхен ги одбил сите понуди на Манчестер Јунајтед за Матијс де Лихт. Наводно “црвените ѓаволи” на Баерн му понудиле околу 40 милиони евра за холандскиот дефанзивец, но Баерн ги одбил сите досегашни понуди.

Клубот од Минхен е спремен да го пушти Де Лихт само за сума од 50 милиони евра плус бонуси. Де Лихт пристигна во Баерн во 2022-та година од Јувентус, но тој не ги исполни големите очекувања и падна во втор план во германската екипа.

Холанѓанецот е голема желба на Ерик Тен Хаг и јасно е дека тој ќе направи се, за да го доведе во Манчестер.

ПретходноТрапановски и Бабунски „решетаат“ во Шкотска: Нови три гола на нашите интернационалци (ВИДЕО)
СледноКога сонот ќе стане реалност (ФОТО)