Гвардиола потврди: Де Брујне останува во Манчестер

111

Фудбалерот на Манчестер Сити и на белгиската репрезентација, Кевин Де Брујне и покрај шпекулациите за негово заминување ќе остане во Манчестер, потврдува Пеп Гвардиола.

Во последниве неколку дена се шпекулираше дека искусниот Белгиец би можел да го напушти Сити по 9 години во клубот. Наводно Де Брујне на маса имал понуда од Ал Итихад, но ја одбил.

Во разговор со новинар вчера Гвардиола изјавил дека Де Брујне нема намера да замине од Манчестер и дека и следната сезона ќе биде дел од “граѓаните”.

ПретходноВардар не заборава: Рики доби дрес од Вардар со бројот 22 (ВИДЕО)
СледноБордо исфрлен во третата лига на Франција