Интер му подготвува голем удар на Јувентус

626

Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза би можел да направи сензационален трансфер во Интер, тврди „Кориере дела Сера“. „Нероаѕурите“ будно ја следат ситуацијата околу италијанскиот репрезентативец, кој се уште не го обновил договорот.

Киеза е поврзан со Јуве до 2025 година, но преговорите меѓу двете страни за продолжување на договорот во оваа фаза не дадоа резултат. Ова е причината поради која тимот од Торино го стави крилниот напаѓач на трансфер листата. Меѓу кандидатите за неговиот потпис е и Тотенхем.

Интер не планира да плати за Киеза. Идејата на гигантот од Милано е следното лето да го земат фудбалерот како слободен играч, доколку не се пресели во друг клуб.

Во последната сезона Киеза забележа 33 натпревари во Серија А, на кои постигна 9 голови.

Претходно„Јадранската елита“ ќе заседава: Денот „Д“ за МЗТ Скопје!
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Играч од Битола освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден  7.816.621 денари