Бомба во Атлетико Мадрид, Симеоне добива украинска машина за голови!

1129

Артем Довбик ги оствари сите лични услови, а се чини дека и Атлетико Мадрид и Џирона имаат одредено цена. Тимот на украинскиот фудбалер нема веднаш да добие 40 милиони евра колку што е откупната клаузула во договорот, парите ќе добие на неколку рати.

Во износот се вклучени и бонуси, кои Атлетико дополнително ќе ги плати во согласност со учинокот на Довбик, но конкретни бројки не се соопштуваат.

Диего Симеоне со сите сили инсистираше на доаѓањето на напаѓачот на Џирона со оглед на тоа што остана без Алваро Мората кој замина во Милано и без Мемфис Депај кому меѓусебно му беше раскинат договорот.

Довбик експлодираше минатата сезона откако постигна 24 гола на 36 натпревари во Ла Лига, а во Џирона пристигна од украински Днипро пред само една година за нешто повеќе од седум милиони евра.

Довбик е стандарден репрезентативец и на Украина, за која на 31 натпревар постигна 10 гола.

ПретходноПариз под опсада: Откриени шпиуни кои сакале да добијат акредитации
СледноБарса го убедила Нико Вилијамс дека има пари за откупната клаузула