Вардар поразен на „Максимир“, Динамо покажа зошто е класа (ВИДЕО)

1455

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, загуби на пријателскиот меч со хрватскиот шампион Динамо (З) со 3:0. На средбата одиграна денеска на „Максимир“  во Загреб пред повеќе од 2000 гледачи, „црвено-црните“ добија шанса да ги одмерат силите со еден од најдобрите и најстабилните фудбалски колективи во регионот, како дел и од прославата на 77. роденден на Вардар.

Момците на Горазд Михаилов беа видливо инфериорни и во двете полувремиња, но забележлива беше и невоиграноста на тимот, по сите нови засилувања кои пристигнаа во Вардар во последните неколку денови и на кои ќе има треба временски период да се воиграат и да создадат тимска игра за новиот домашен шампионат.


 

Динамо (З) доминацијата пред голот на Гачевски во првиот дел ја круниса со головите на Куленовиќ и Пјаца во 37. и 45. минута. Во вториот дел и домашните и Вардар направија доста промени во составите. Вардар почна малку похрабро, но не успеа да создаде посериозна шанса за гол. Динамо во 85. минута погоди и третпат, овој пат преку Торенте за конечни 3:0.

 

За Вардар на 27 јули следува уште еден силен тест со англискиот второлигаш Свонси.

Вардар не заборава: Рики доби дрес од Вардар со бројот 22 (ВИДЕО)

ПретходноНеспортско однесување: Капитенот на Динамо (К) не сакаше да се поздрави со капитенот на Партизан (ВИДЕО)
СледноЈорданеску ја напушти клупата на Романија