Вечерва спектакл на “Максимир“: На мегдан хрватскиот против македонскиот гигант! (ФОТО)

784

Нашиот најтрофен клуб, вечерва од 19 часот на “Максимир“ во Загреб во пријателски натревар ќе ги одмери силите против Динамо Загреб. Јасно е дека тоа ќе биде дуел на два гигантим, на хрватскиот и македонскиот. Познато е дека членови на “модрите“ се и нашите интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми,сепак ќе видиме дали тие вечерва ќе играат против Вардар.

Инаку оваа контрола за Вардар е во рамките на подготовките во Раденци (Словенија), но и во рамките на 77-тиот роденден на ФК Вардар. Ова четврта контрола, на минатиоте три вардарци забележаа две победи и еден пораз, а по Динамо Загреб, Вардар на 27 јули се среќава и со Свонси. Тој меч се игра во Австрија.May be an image of text

Image

ПретходноПинг понг: Се подобруваат резултатите на европските првенства!
СледноКитановски од Струга ТЛ се пресели во Воска!