Елитни специјалци ќе ги обезбедуваат Израелците 24/7 на ЛОИ во Париз!

77

 

Со цел да не се повтори масакрот во Минхен од ЛОИ 1972 година, организаторот на ЛОИ во Париз,кои стартуваат во петок, најавува дека елитни специјални сили ќе ги обезбедуваат Израелците за време на игрите. И тоа 24/7 што се вели.

Француските власти велат дека секој член на делегацијата, новинар, или билокој друг Израелец тие денови во Париз ќе биде обезбедуван од специјалните сили на Франција.

„Заканата за нив е голема.Им наредив на специјалните сили буквално од првата секунда од нивното доаѓање па се до нивното заминување, да бидат обезбедувани“ изјави министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен.

Инаку покрај Израелците на оваа Олимпијада посебно ќе се обезбедуваат и Украинците.

ПретходноФОТО-ВЕСТ: Стефан Ристовски пред мечот со Вардар со честитка за 77. роденден
СледноВардар не заборава: Рики доби дрес од Вардар со бројот 22 (ВИДЕО)