ЕСПН: Меси е најдобриот фудбалер во 21. век, Роналдо втор

180

Америчкиот спортски медиум ESPN ја состави листата од 25-те најдобри фудбалери во 21. век. На чело на листата е најтрофејниот фудбалер на сите времиња Лео Меси, а зад него е неговиот вечен ривал Кристијано Роналдо.

На третото место се наоѓа Тиери Анри, а во топ 10 се наоѓаат и Лука Модриќ, Зинедин Зидан, Килиан Мбапе, Иниеста, Чави, Роналдињо, како и бразилскиот Роналдо. На листата се и имиња како Тони Крос, Серхио Рамос, Џанлуиџи Буфон, Нејмар, Кака, Роберт Левандовски, Вејн Руни, Карим Бензема, Луис Суарез и други.

Оваа листа предизвика голема прашина во фудбалскиот свет и ќе биде предмет на анализи во наредните денови.

ПретходноЛШ: Динамо го „растури“ Партизан
СледноРеал ова лето ќе купи само уште еден дефанзивец