Воска Спорт има нов голман, а тоа е Кристијан Китановски кој во Охрид замина од Струга, поточно од редовите на Струга ТЛ. Со оглед на тоа дека раководството на шампионот ова лето ангажираше двајца голмани, Дујмовиќ и Стевковски а тука е и Мирселовски, јасно беше дека Китановски тешко дека ќе добие минутажа во така силна конкуренција.
Токму затоа тој одлучи да направи трансфер во таборот на охридскиот прволигаш.