Летен преоден рок: Хумелс има понуда од Реал, ПСЖ го сака Нико Вилијамс, Суле пред потпис со Рома…

447

И денеска не престануваат информациите, шпекулациите за тоа кој каде ќе оди или ќе потпише. Најновата информација од Шпанија е таа дека Матс Хумелс,искусниот Германец, би можел да заврши во Реал Мадрид каде би дошол како слободен играч.Познато е дека Дортмунд него го “откачи“ по расправиите со некогашниот тренер Един Терзиќ. За Хумел наводно била заинтересирани и Рома.

Иако се чини дека се беше готово, се мисли на трансферот на Нико Вилијамс во Барселона, сега во “игра“ се вклучува и ПСЖ. Јасно е дека “светците“ од Париз немаат проблеми со парите како Барса, па овој трансфер не е неостварлив.

Матиас Суле е пред потпис со Рома. Аргентинецот е на излезна врата од Јувентус. Преговорите се во тек, Јуве бара 35 милиони евра а Рома нуди 30 милиони, значи блиску се.

ПретходноКитановски од Струга ТЛ се пресели во Воска!
СледноПо елиминацијата во Европа: Тиквеш и Шкендија си закажаа пријателска, ќе се игра во Кавадарци!