Фудбалерите на украински Динамо Киев не се ракуваа со фудбалерите на Партизан пред натпреварот во рамките на второто квалификационо коло од Лигата на Шампионите.
Наместо да се ракуваат, фудбалерите на двете екипи се поздравија со тупаници. Исто така и капитенот на Динамо Киев, Виталиј Бујалски не сакаше да се ракува со капитенот на Партизан, Светозар Марковиќ, туку самос е поздрави со судиите.
Стручниот штаб на Динамо Киев пред натпреварот најави дека нивните фудбалери нема да се ракуваат со српските клубови во сите останати натпреварувања поради учеството на Партизан во Купот на Братството, кој се одржа во Русија.
Ukrajinski fudbaler nije hteo da se pozdravi sa igracem Partizana pic.twitter.com/ST9B60liLa
— Rade Fantastični (@RFantasticni) July 23, 2024