Париз под опсада: Откриени шпиуни кои сакале да добијат акредитации

391
ФОТО: https://olympics.com/

Од петок до 11 август Париз ќе биде домаќин на најголемиот спортски настан во светот – Олимписките игри.

Доаѓањето на најдобрите светски спортисти само по себе предизвикува големо внимание, па ништо не е препуштено на случајноста – Париз со денови е „под клуч“.

Според медиумите, дури 45.000 полицајци патролираат низ градот и ги обезбедуваат Олимписките игри. Покрај оваа бројка, пристигнуваат и обезбедувачи од другите земји учеснички, Шпанија испраќа дури 171 полицаец и уште неколку специјалци.

Француската полиција размислувала за секој детал, па поставила посебни бариери низ градот преку кои можат да поминат само оние со билети или акредитации.

Од министерството за вантрешни работи порачаа дека биле проверени речиси милион луѓе, а на многумина им била одбиена акредитацијата.

„Ги отфрливме поради сомневање дека се агенти на странски држави – шпиони или доушници кои планирале да им наштетат на Олимписките игри“, се вели во објаснувањето.

Македонија на ОИ ќе има вкупно шест спортисти, и плус четворица судии, двајца од нив се Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

ПретходноНекогашната голема ѕвезда во Премиер-лигата на 43 години ќе игра во 11-тата лига во Англија!
СледноБомба во Атлетико Мадрид, Симеоне добива украинска машина за голови!