Иако имаа амбиции да минат барем по едно коло во квалификациите во Лигата на Конференции ова лето, сепак Тиквеш и Шкендија се елиминирани уште на стартот. Кавадарчани од Бреидаблик, а тетовци од Ноа.
По неколку дена одмор сега играчите на двете екипи тргнаа со подготовки за домашната сцена, за првенството кое стартува на 11 август, секако и за мечевите од Купот.
Интересно е тоа што овие две екипи си закажаа пријателска средба, истата ќе се игра во недела (28 јули) во Кавадарци.