Реал ова лето ќе купи само уште еден дефанзивец

948

Реал Мадрид не планира да ангажира повеќе фудбалери ова лето, тврдат шпанските медиуми. Екипата на Карло Анчелоти ќе се обиде да потпише со централен дефанзивец, но само ако го пронајдат најсоотведниот играч за нивниот систем.

Ова лето Реал потпиша со бразилската ѕвезда Ендрик, како и со најдобриот фудбалер на светот Килиан Мбапе, па се чини дека Реал нема да вложи многу напор да доведе нов фудбалер во своите редови.

По заминувањето на Начо во Саудиска Арабија, Реал се обидуваше да пронајде негова замена и да го доведе младиот француски талент Лени Јоро, но откако тој потпиша со Манчестер Јунајтед, Реал остана без опции за позицијата на централен дефанзивец.

ПретходноЕСПН: Меси е најдобриот фудбалер во 21. век, Роналдо втор
СледноТрапановски и Бабунски „решетаат“ во Шкотска: Нови три гола на нашите интернационалци (ВИДЕО)