На повидок е голем скандал и тоа во изведба на Динамо Киев, украинскиот гигант.Имено вечерва во Лублин (Полска) во првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите се среќаваат Динамо Киев и Партизан. На пресот пред овој меч, тренерот на Украинците, Олександар Шовковски истакна дека не очекува неговите играчи пред мечот да се поздрават со оние на Партизан, нешто што е вообичаено во денешно време.
Причината била во тоа дека Партизан пред извесно време гостувал во Русија и играл на турнир, во земјата која ја нападна неговата Украина.