Српскиот репрезентативец близу до Црвена Звезда

799

Очигледно КК Црвена звезда наскоро би можела да потпише договор со својот нов-стар играч Филип Петрушев. Иако неговиот менаџер Миодраг Мишко Ражнатовиќ остро демантираше дека има договор меѓу Олимпијакос, сегашниот тим на Филип, и Црвена звезда, неколку часа подоцна ги договориле условите за негов кам-бек.

Ражнатовиќ најави дека Олимпијакос ќе размислува за разделба со Филип доколку најде решение на високата крилна позиција. Со оглед на тоа што во понеделникот вечерта Бугаринот Александар Везенков, поранешниот МВП на Евролигата доби отказ во Торонто, сосема е реално да се очекува да се врати во Олимпијакос каде го чекаат со петгодишен договор.

Во моментот кога Везенков ќе го потпише тој договор, вратата на Црвена звезда целосно ќе се отвори за Петрушев. Враќањето на Петрушев во Звезда е 12 месеци по неговото заминување.

ПретходноЕве зошто Мората си заминал: Симеоне го купува Довбик за 40 милиони евра!
СледноПеро Антиќ се огласи, причината се душегрижниците!