Трет пораз на одбојкарките на Балканијадата во Тирана!

49

Трет настап и трет пораз на македонската репрезентација за одбојкарки до 20 години (генерација 2005-та и помлади) на Балканското првенство во Тирана.

Откако во првите две кола не успеавме против Црна Гора и против Србија, загубивме и од домаќинот Албанија со 3:0 (25:16, 25:9, 25:14).

Карија Трифуновска и Андротеа Милевска освоија по пет поени во македонскиот тим. Денеска ќе играме со Бугарија, а утре со Турција во последниот натпревар на турнирот.

Распоред на натпревари:

1-во коло: МАКЕДОНИЈА – Црна Гора 1:3 (10:25, 25:23, 17:25, 21:25)

2-ро коло: МАКЕДОНИЈА – Србија 0:3 (17:25, 20:25, 15:25)

3-то коло: МАКЕДОНИЈА – Албанија 0:3 (16:25, 9:25, 14:25)

4-то коло, (вторник), 15.00: МАКЕДОНИЈА – Бугарија

5-то коло, (среда), 15.00: МАКЕДОНИЈА – Турција

ПретходноСкандалозно: Играчите на Динамо Киев пред мечот нема да се ракуваат со фудбалерите на Партизан!
СледноЕве зошто Мората си заминал: Симеоне го купува Довбик за 40 милиони евра!