Селекторот на романската фудбалска репрезентација Едвард Јорданеску по 2 години си заминува од националниот тим.
Договорот на 46–годишникот истече летово и двете страни одлучија да нема продолжување на истиот. Јорданеску оствари фантастични резултати на клупата на Романија на последното Европско првенство, каде романците играа дури во осминафиналето. Јорданеску и се придружи на репрезентацијата во почетокот на 2022-та година и оттогаш тој ја предводеше Романија на 28 натпревари.
Нов селектор на репрезентацијата би можел да биде поранешниот тренер на Шахтјор, Мирчеа Луческу.