Ќатип Османи: Струга ТЛ има квалитет да го победи Пјуник!

125

Утре од 17 часот на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид, во рамките на првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ ќе се сретне со Пјуник, тим од Ерменија.

На денешниот прес во пресрет на утрешниот дуел, свој коментар за претстојниот меч имаше стратегот на нашиот шампион, Ќатип Османи:

„Играме против екипа која е многу дисциплинирана, многу борбена. На последните два натпревари против Динамо Минск се обиде да одигра добро во одбраната, применувајќи и игра со брзи контранапади. Се работи за многу квалитетен тим, но сепак мислам дека имаме квалитет да го победиме тимот на Пјуник“.

За тоа дали има проблеми со составот…

“„Тимот е комплетиран, станува збор само за еден играч, кој поради физичка подготвеност не се знае дали ќе може да игра од почеток, но сепак како тим велам дека сме подготвени за утрешниот натпревар“ потенцираше Османи и продолжи:

 

„Тоа е прв натпревар и секако дека имаме приоритет да победиме,  но мора да внимаваме. Има два меча и секако се работи за екипа која игра поинаку на домашните натпревари и поинаку како гостин, така што и во овој аспект мора да бидеме внимателни како домаќини“заклучи стратегот на Струга ТЛ.

ПретходноОфицијално: Мареј после ЛОИ во Париз ја завршува кариерата!
СледноБобан Георгиев го засили Пелистер