И официјално, Енди Мареј оди во пензија, ја завршува својата импресивна тениска кариера. Последен настап на Британецот ќе му биде на ЛОИ во Париз.
Тој ова и самиот го потврди кога на социјалните мрежи покрај другото напиша дека пристигнал во Париз на неговиот последен тениски турнир во кариерата.
Мареј освои златни медали на Олимпијадите во Лондон (2012) и Рио де Жанеиро (2016). Ги освојуваше Вимблдон УС Опен, во свое време важеше за четврти тенисер во светот по Ѓоковиќ, Федерер и Надал.