Победникот на Тур Д’Франс нема да настапи на ЛОИ во Париз

123

Победникот на престижната велосипедска трка Тур де Франс, која заврши во неделата, Словенецот Тадеј Погачар, се повлече од настап на Олимписките игри во Париз, соопшти Словенечкиот олимписки комитет.

Причината поради која тој нема да биде во словенечката делегација на ЛОИ е  премор.

„За жал, Тадеј Погачар нема да биде меѓу патниците во Париз. На негово место ќе дојде неговиот колега од клубот, а исто така и негов пријател Домен Новак, на кого му посакуваме се најдобро“, се вели во изјавата на Словенечкиот олимписки комитет.

25-годишниот Погачар веќе изјави дека нема да се натпреварува на Вуелта Еспања, третата од најпрестижните трки во неговиот спорт, бидејќи се надева дека ќе биде во врвна форма за Светското првенство, кое е закажано за септември во Швајцарија.

ПретходноЛетен семинар за асистенти судии и контролори: Ново правило за новата сезона!
СледноПешиќ го скрати списокот: Ова се 12-те кошаркари на Србија за ЛОИ во Париз!