Трет настап и трет пораз на македонската репрезентација за одбојкарки до 20 години (генерација 2005-та и помлади) на Балканското првенство во Тирана.
Откако во првите две кола не успеавме против Црна Гора и против Србија, загубивме и од домаќинот Албанија со 3:0 (25:16, 25:9, 25:14).
Карија Трифуновска и Андротеа Милевска освоија по пет поени во македонскиот тим. Денеска ќе играме со Бугарија, а утре со Турција во последниот натпревар на турнирот.
Распоред на натпревари:
1-во коло: МАКЕДОНИЈА – Црна Гора 1:3 (10:25, 25:23, 17:25, 21:25)
2-ро коло: МАКЕДОНИЈА – Србија 0:3 (17:25, 20:25, 15:25)
3-то коло: МАКЕДОНИЈА – Албанија 0:3 (16:25, 9:25, 14:25)
4-то коло, (вторник), 15.00: МАКЕДОНИЈА – Бугарија
5-то коло, (среда), 15.00: МАКЕДОНИЈА – Турција