„Јадранската елита“ ќе заседава: Денот „Д“ за МЗТ Скопје!

961

Македонскиот првак, МЗТ Скопје во новата сезона би можеле да го гледаме во АБА-лига. Причината е иста како и минатата сезона – Цибона. Хрватскиот тим лани беше на работ да се откаже од јадранската елита, но во последен момент успеа да ја стабилизира финансиската ситуација и да ја изгура сезоната.

Цибона повторно е актуелна и повторно под знак прашалник е ставен настапот во АБА-лига. Доколку се откаже, МЗТ Скопје е прв во редот кој треба да го потполни испразнетото место.

Дали навистина Македонија ќе има свој претставник во ова друштво, ќе биде познато во текот на денешниот за кога е закажана седница на АБА-лига.

ПретходноЈа освои титулата во Премиер-лигата, а сега работи на градилиште
СледноИнтер му подготвува голем удар на Јувентус