Манчестер Сити ја одреди цената: Алварез може да оди, ама…

665

Во изминатите неколку денови наголемо се зборуваше и шпекулираше за судбината на Хулиан Алварез, ѕвездата на Сити и напаѓачот на Аргентина. Факт е дека тој откако дојде кај Пеп Гвардиола ја нема таа потребна минутажа, во преден план секако дека е Ерлинг Халанд и затоа посакал да си оди.

Се шпекулираше дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за него, но сега “јорганџиите“ се поврзуваат со Артем Довбик.

Како врв на се ова доаѓа веста од Островот дека Манчестер Сити ја одредил цената за Аргентинецот.

А истата е “ситница“, и изнесува 90 милиони евра. Поточно исплата на 70 милиони евра и плус 20 милиони низ разни бонуси.

Ова значи дека тешко Алварез ќе го напушти „Еихад“.

ПретходноСудот во Бразил одби да му ја намали казната на Робињо
СледноФранција доби уште едни ОИ, оние зимските во 2030, додека Солт Лејк Сити ќе биде домаќин на ЗОИ 2034!