По сместувањето во олимпиското село за спортско стрелаштво кое се наоѓа на 275 км од Париз, денес Анастасија Мојсовска го одржа првиот контролен тренинг на кој се се одвиваше во најдобар ред, а Анастасија истиот го одработи на ниво во нашите планирани очекувања. До натпреварот на 28-ми јули во 9 часот ќе има уште два тренинга, на 25-ти и 27-ми јули кои се доволни за аклиматизација на стрелците додека условите во стрелиштето се одлични.