Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде во олимпиското село за време на игрите, пренесува „Клеј тенис“. Причината е искуството од претходните Олимписки игри, кога Ѓоковиќ привлече внимание од другите спортисти, што пак му пречело во потрагата по златниот медал.
„Очекуваме Новак да пристигне во следните неколку дена, иако нема да остане со нас во селото“, ја пренесува споменатиот портал изјавата на неименуван извор од организациониот тим на српската делегација.
Новак го направи истото во Рио во 2016 година, но сакаше да доживее каков е животот во „селото“ во Токио. Тој беше еден од најбараните спортисти, сите сакаа да се фотографираат со него, а Новак не сака повторно да се случи такво нешто во Париз.
Деновите пред патувањето во француската престолнина ги поминува во Будва.