Како што сега стојат работите, член на Реал Мадрид во новата сезона ќе биде и Арда Ѓулер. Ова стана извесно откако Турчинот одигра одлично Европско првенство. Некои од познатите клубови тропнаа на вратата на Реал.
Ѓулер во новата сезона ќе влезе со бројот 15 и сериозно се гледа како член на Реал и во стартниот состав, но сепак Карло Анчелоти и неговите колеги се уште го составуваат тимот.
Турскиот играч за врска доби дополнителен одмор по еврото и ќе му се приклучи на Реал следната недела кога ќе биде информиран за неговата иднина.
Засега најголем интерес за негово доведување покажуваше Милан, но во последните недели во трката за ангажирање на Ѓулер се вклучи и Баер Леверкузен на Чаби Алонсо.
Сепак, ако им се верува на пишувањата на шпанските медиуми, Чаби Алонсо, но и сите заинтересирани клубови, преку својот агент доби прилично дрзок одговор од младиот Турчин.
„Ќе останам во Реал Мадрид, слободно кажете му го тоа на секој што ќе праша за мене“, се наводните зборови што Ѓулер му ги упатил на својот менаџер како одговор на прашањата од одредени клубови.