АУУУ…каков гол на Спировски за победа на Струга ТЛ! Конечно падна и тој фамозен Пјуник! (ВИДЕО)

1046

Се играше 73. минута кога Стефан Спировски стегна една “бомба“ од околу 40 метри и постигна фантастичен гол за 2:1, за водство на Струга ТЛ,но и за победа на нашиот шампион. Ваков гол ретко гледаме во светот на фудбалот воопшто, а камо ли на нашите терени, од наши фудбалери.

Мајсторија на играчот за врска на Струга ТЛ.

Претходно стрелаа Ибраими и Вилела, и двата гола беа од пенали, за 1:0 за Струга ТЛ и за израмнување Пјуник на 1:1.

Ова беше првиот меч од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции, реваншот се игра во вторник во Ереван.

Струга ТЛ почна одважно, напаѓачки со цел да дојде до ран гол. И во тоа успеа уште во 8. минута со голот од пенал на Бесарт Ибраими. Претходно Ланре Кехинде беше фаулиран од Восканјан. Прекрасен почеток за нашиот шампион, подобро и не можеше.

 

Сепак ова водство не се задржа многу,зошто исто така од пенал гостите израмнија на 1:1.Кехинде сега фаулираше во својот шеснаесетник, веројатно и престрого судијата Тешеира од Андора покажана белата точка. Вилела беше сигурен пеналџија за 1:1.

 

Во продолжение и двете екипи се заканија, но сепак шансите на Струга ТЛ, посебно двете на Влајковиќ беа некако посериозни.

Штета што на пауза се замина само со 1:1. Реални требаше да биде барем 2:1 за нашиот шампион.

Второто полувреме почна исто со иницијатива на Струга ТЛ. Се виде одлучноста на стружани да се дојде до ново водство. Кехинде во 48.минута опасно се закани, потоа Дујмовиќ спаси чист гол.

Во 51.минута се чини дека судијата Тешеира мораше да покажена белата точка, Кехинде одново беше фаулиран,но сега немаше пенал. Неколку минути подоцна и Ибраими имаше шанса, но неговиот шут гостинскиот голман ја одби во корнер.

Во 61.минута гостите од Ерменија останаа со играч помалку на теренот откако Вакуленко доби директен црвен картон.

Струга ТЛ беше блиску до предност, шансите се редеа, како онаа во 70.минута кога Ибраими ја погоди стативата, но гол немаше па немаше.

АУУУУУ, КАКОВ ГОЛ НА СПИРОВСКИ

 

И тогаш дојде таа 73. минута и прекрасниот, фантастиничниот гол од околу 40 метри на Стефан Спировски.Каква мајсторија,каков гол за водство на нашиот шампион.Па и редно беше.

Добро е, Струга ТЛ конечни дојде до заслужено водство.

Браво за Стефан Спировски, еден од најубавите голови на некоја наша екипа во фудбалска Европа.

На крајот 2:1 за Струга ТЛ. Конечно падна и тој фамозен Пјуник. Во деветтиот меч против македонски клуб Ерменците се поразени.

Реваншот се игра во вторник во Ереван.

2. квалификациско коло во ЛК (прв меч)

СТРУГА ТЛ – ПЈУНИК 2:1 (1:1)

Стадион “Билјанини Извори“ во Скопје. Судија: Луис Тешеира (Андора). Стрелци: Ибраими (п) 8., Спировски 73.(СТР), Вилела (п) 23.(ПЈУ). Ц.Картони: Вакуленко 60. (ПЈУ).

СТРУГА ТЛ: Дујмовиќ, Влајковиќ (70.Такахара), Радиќ, Кривањева, Ристевски, Јевтоски, Спировски, Шабани, Ибраими, Кехинде (85.Укпа), Радески (67.Компаоре).

ПЈУНИК: Авагјан, Алемао, Восканјан, Вакуленко, Жунињо, Вилела, Маија, Џејмс, Давидјан (68.Удо), Агдон (68.Паредес), Карабаљо (62. Коваленко).

 

ПретходноСтефан Стојановски ќе биде дел од стручниот штаб на РК Бутел!
СледноСрбљак елиминран од седмиот носител!