Македонските спортисти се „чекираа“ во Олимпиското село во Париз, каде утре и официјално стартуваат ОИ. Македонија ќе има шест претставници кога станува збор за натпреварувачи, и плус четворица судии.
Париз е сонот за сите спортисти, кои пред заминувањето најавија добри резултати, па дури и медал.
Знаменосци ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.
Македонска делегација
Дарио Ивановски (атлетика) – ќе настапи на 10 август на маратонската трка
Владимир Егоров (Борење до 57 кг, слободен стил) – ќе настапи на 8 август
Никола Ѓуретановиќ (пливање/400 метри слободно) – ќе настапи на 27 јули/квалификации 400 метри слободно
Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка) – ќе настапи на 27 јули
Еди Шерифовски (џудо) – ќе настапи на 30 јули
Мила Рељиќ (таеквондо) – ќе настапи од 7-10 август
Судии
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракометни судии)
Иван Михајловски (триатлон судија) – прво учество на ОИ
Анета Павловска (Тениска судијка)