Баерн во последната сезона, по 12 години доминација, остана без титулата во Бундеслигата, а да биде уште полоша, испадна и во второто коло од Купот од третолигашо, без трофеј во Суперкупот, додека тие го имаа најдоброто издание во Лигата на шампионите, но во полуфиналето беа елиминирани од Реал Мадрид.
Сепак, не беше доволно Томас Тухел да остане на функцијата. По неколку недели потрага по нов тренер, беше заменет со Винсент Компани.
Од клубот се најавени заминувања, неизвесна е иднината на легендата Џошуа Кимих. Договорот на 29-годишниот играч истекува на крајот на јуни следната година. Засега нема индикации дека ќе биде продолжен. Пред неколку недели англиските и шпанските медиуми пишуваа за интересот на Манчестер Сити и Барселона, но засега нема конкретни информации.
Како што пренесува Билд, ПСЖ го следи Кимих, но тој не би заминал во Париз. Сето ова може да доведе до многу тешка ситуација. Билд додава дека Компани го отпишал Кимих и не го гледа на својата омилена позиција, а тоа е средниот ред.
Според германскиот весник, за Кимих има само две опции: или играчот да го напушти клубот сега или да го продолжи договорот со полоши услови. Во спротивно, можеби ќе треба да седи една година на клупата и да го напушти клубот како слободен играч следната година.
Баерн е подготвен да разговара со Кимих, но тој би морал значително да ги намали финансиските очекувања. Моментално Германецот заработува 15 милиони евра годишно плус 5 милиони евра бонуси. Намалувањето на платата би се движело од 25 до дури 50 отсто и прашање е дали Германецот би бил подготвен да го прифати.
Кимих за Баерн игра од 2015 година. За тоа време одигра 390 натпревари, постигна 42 гола и имаше 104 асистенции. Со Баерн осум пати ја освои Бундеслигата и еднаш Лигата на шампионите. Кимих е 91-пат германски репрезентативец.