Со првите натпревари на машкиот фудбалски турнир, денеска практично и започна натпреварувачкиот дел на Летните олимписки игри во Париз. Два дена пред свеченото отворање, тргна фудбалскиот турнир на кој уште во воведните два меча видовме големи возбудувања.
Репрезентацијата на Аргентина во судиското продолжение се спаси од сензационален пораз од Мароко. Избраниците на Хавиер Маскерано им дозволија на Мароканците да водат со два гола разлика до 68. Минута, а во финишот Џулијано Симеоне успеа да намали на 1:2, додека Кристијан Медина на крајот од мечот ги спаси Аргентинците од пораз.
Претходно за Мароко двапати погоди Рахими (45+2 и 51. пен.)
Дебитантот на Олимпијадата, Узбекистан се држеше одлично на натпреварот против Шпанија, но сепак доживеа пораз. Марк Пубил го отвори резултатот на средбата, по што Елдор Шомуродов израмни на 1:1. Во вториот дел, Серхио Гомез пропушти прилика да постигне гол од пенал, но потоа погоди од игра за триумф на „фуријата од 1:2.