Македонскиот репрезенттаивен голман Дамјан Шишковски и неговиот тим Борац од Бања Лука минимално се поразени на гостувањето во Солун против грчки ПАОК во првиот меч од 2. коло во квалификациите во Лигата на шампионите на УЕФА. Шишковски прими три гола, а Борац загуби со 3:2, но овој резултат им остава надеж на гостите дека по реваншот на домашен терен ќе успеат да се пласираат во следната рунда.
Шишковски имаше неколку одлични интервенции на мечот, но имаше и еден „кикс“ по кој дојде третиот одлучувачки гол за ПАОК.
Goal: William Troost-Ekong | PAOK 3-2 FK Boracpic.twitter.com/P0hLvo00Ph
— PushGoals (@PushGoals) July 24, 2024