Некогашниот дефанзивец на Ц. Звезда се договорил со Брера

1461

30-годишниот некогашен фудбалер на Црвена звезда, Дарко Лазиќ, ќе биде ново засилување за екипата на Брера Струмица.

Искусниот дефанзивец веќе се договорил со струмичкиот прволигаш. Лазиќ беше без ангажман од минатото лето откако една сезона мина во Борац од Бања Лука.

Претходно три и пол години помина во Сараево со кое освои две титули, а во тој период имаше и една полусезона во Раднички од Ниш .

ПретходноСпировски: И еден гол разлика е добро пред реваншот во Ерменија
СледноЗарем е можно? Знамињата на Хрватска, Србија и БиХ еднододруго!