Организациски хаос во Париз: Кошаркарите на Шпанија нема каде да тренираат, ќе мораат да одат во Белгија?!

402

Кошаркарите на Шпанија се уште немаат одработено тренинг, ниту пак имаат простор да одработат некој пред премиерата на Олимписките игри поради зафатеноста на салата и лошата организација во Лил.

Сега веќе станува реално сценариото според кое момците на Серхио Скариоло првиот натпревар против Австралија (сабота, 11 часот) да го одиграат без ниту еден тренинг од пристигнувањето во Франција, пишуваат шпанските медиуми.

Шпанците немаат пристап до главниот терен во Лил, ниту до други придружни објекти (има вкупно три, наменети за тимски тренинзи). Кошаркарската федерација на Шпанија се ангажираше да ја реши оваа ситуација и има два начина да го направи тоа.

Првата е интервенција на шпанската олимписка асоцијација кај организаторите на игрите со цел тимот да влезе во една од тренинг салите во Лил, а втората е преселба во друга земја. Белгија, која е на еден час возење од Лил, се наметнува како алтернативно решение доколку избраниците на Скариолов не добијат сала за тренинг во тој француски град.

Селекторот на Шпанија целата ситуација ја нарече „апсурдна“.

ПретходноСелекторот на Аргентина шокиран: Ова е најголемиот циркус што сум го видел во мојот живот!
СледноЛШ: Шишковски прими три гола, Борац БЛ тесно поразен на „Тумба“ (ВИДЕО)