Османи: Можевме и поубедливо, но оптимисти сме, можеме понатаму

269

Македонскиот првак Струга ТЛ славеше со 2:1 на првиот меч со Пјуник од Ерменија во рамките на 2. квалификациско коло од Лигата на конференции. Во Охрид победата можеше да биде и поубедлива, но добрата игра на стружани го радува и тренерот Османи.

„Постигнавме гол во вистински момент, но и овој пат по тој постигнат брз гол како да паднавме. Ја немавме таа течна игра како во првите 15 минути. Сепак, во второто полувреме беше многу подобро. Ја променивме играта, системот, а и промената на играчите даде резултат. По 2:1 имавме уште неколку шанси, но мислам дека и среќата ни го сврте грбот. Предност е предност, макар и минимална. Остануваат уште 90 минути во кои мора да ја потврдиме оваа победа. Нема да биде лесно, свесни сме за тоа, но мора да бидеме оптимисти дека можеме да одиме понатаму“, изјави на прес-конференцијата по мечот со Пјуник, тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи.

ПретходноЦиркус во Париз: Судијата не отсвирил крај, туку го прекинал мечот, па по два часа истиот се доигра и Аргентина загуби
СледноИ Охрид ги „запали моторите“ за новата сезона (ФОТО)