Најдобриот светски тенисер Јаник Синер нема да настапи на Олимписките игри во Париз. Синер требаше да пристигне во Париз вчера, но прво го одложи патувањето поради, како што објавија медиумите, болест, а сега потврди дека мора да се повлече.
„Со големо жалење морам да ве информирам дека за жал нема да можам да се натпреварувам на Олимписките игри во Париз. По добра недела тренинзи почнав да се чувствувам лошо. Поминав неколку дена во одмор, но посетата на лекар откри дека имам хроничен тонзилитис и ме советуваа да не играм. Големо разочарување е што морам да ги пропуштам Игрите бидејќи тоа беше една од моите главни цели за оваа сезона. Среќно на сите италијански спортисти, ќе навивам за вас од дома. Напред Италија“, напиша Синер на социјалните мрежи.