„Скај Спортс“: Еспањол тргна по Бојан Миовски!

456

Еден од најпознатите шкотски новинари Ентони Џозев кој работи за британски „Скај Спортс“, вечерва објави информација дека шпанскиот повратник во Ла Лига, екипата на Еспањол изрази сериозен интерес за напаѓачот на Абердин и македонски репрезентативец, Бојан Миовски.

Клубот од Ла Лига го стави нашиот репрезентативен напаѓач како приоритетна трансфер цел ова лето.

25-годишниот Миовски е исто така на радарот на Болоња, а и уште неколку други клубови пројавија интерес за него. Менаџерот на Абердин со денешната изјава дека се подготвени да најдат бек-ап решение ако Миовски биде продаден летови, само потврди дека Абердин на големо се подготвува за продажба на нашиот голгетер.

ПретходноЛШ: Шишковски прими три гола, Борац БЛ тесно поразен на „Тумба“ (ВИДЕО)
СледноСпировски: И еден гол разлика е добро пред реваншот во Ерменија