Солзите на Начо: Најтажното збогување во историјата на Реал Мадрид! (ФОТО+ВИДЕО)

496

Дали денеска го видовме најтажното збогување во историјата на Реал Мадрид? Начо Фернандез по цели 24 години минати во кралскиот клуб денеска на посебна церемонија се прости од својот Реал. Тука беа Флорентино Перез, тренерот Карло Анчелоти, дел од играчитена Реал Мадрид, а Начо низ солзи покрај другото истакна:

“Му благодарам на Реал Мадрид што од мене направи човек со совршени вредности. Му благодарам на Анчелоти што веруваше во мене. Им благодарам на соиграчите, најдобри сте“ рече досегашниот капитен на Реал кој си замина од клубот со 26 освоени трофеи.

Инаку Начо својата кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.Image

ПретходноНико Вилијамс потпишува за ….
СледноМојсовска прва од нашите спортисти одработи тренинг на борилиштата на ЛОИ!