Спировски: И еден гол разлика е добро пред реваншот во Ерменија

400

Стефан Спировски беше еден од главните протагонисти во денешната победа на Струга Трим Лум против Пјуник во првиот меч од второто елиминациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

„Сепак, задоволни сме, можеби требаше уште подобро да го искористиме домашниот терен, но победа е победа. Имаме уште 90 минути да играме, нормално дека нема да биде лесно, знаеме каков тим не очекува таму. Колективно, или индивидуално, верувам дека ги исполнивме задачите што ни ги даде тренерот, кој, како што рече, денеска можеше да оствариме и уште поубедлива победа, но и еден гол разлика е позитивен резултат пред реваншот“ – изјави Стефан Спировски, кој денеска постигна вистински евро-гол за победа.

Претходно„Скај Спортс“: Еспањол тргна по Бојан Миовски!
СледноНекогашниот дефанзивец на Ц. Звезда се договорил со Брера