Откако минатата сезона ја заврши играчката кариера, Стефан Стојановски, во иднина ќе се посвети само на тренерската работа. Тој доаѓа во Бутел Скопје и ќе му биде асистент на Горан Кузманоски во првата екипа, но ќе работи и со младинците.
„За да се одлучам да влезам во проектот на Бутел Скопје пресудна беше нивната работа со млади македонски ракометари. Екипата се состои од млади ракометари потпомогнати од неколку поискусни со подолг суперлигашки стаж. Ќе работам со Горан Кузманоски, тренер кој го познавам од претходно и сум соработувал со него во времето кога бев играч. Тој преферира брза и динамична игра, па очекувањата ми се во сезоната што претстои дека ќе се бориме за место во европските купови, иако ќе биде тешко и напорно. Покрај работата во првата екипа, ќе ги водам и младинците, а посакувам да напредуваме од месец во месец да градиме резултати, кој сенадевам дека ќе биде подобар од лани, но главната цел ќе ни биде подготовка на играчи за првата екипа, изјави Стојановски
Стојановски во играчките години најдолг стаж имаше во Пролет, а беше дел и од Јуниор Кисела Вода и Скопје, каде во последната сезона освен како играч, работеше и како тренер во пионерската екипа.
Претходно Бутел Скопје во играчкиот ростер Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски, Хусеин Валид Кадах и Тодор Узунчев, средниот бек Леонид Киселовски, како и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев