Компанијата Брера Холдингс која е добро позната на Македонската јавност и поседува 90% од сопственоста ФК АП Брера Струмица, стана првиот странски инвеститор во женски фудбалски клуб во нашата држава. Од неодамна ова компанија со свој капитал влезе во ЖФК Тиверија Струмица кој претходно мораше да се трансформира како АД согласно македонската законска регулатива. Ова значи дека во семејството на Брера и официјално имаме Женски фудбалски клуб градејќи неколку скалила повеќе во развојот на женскиот фудбал во Македонија.
Како дел од Брера Струмица, Брера Тиверија ќе продолжи да се надоврзува на работата што претседателот на Брера Струмица, Горан Пандев ја направи во Македонија за професионализација на спортот во земјата. Влезот на Брера во ЖФК Тиверија ќе значи и обезбедување на услови за раст и развој на фудбалерките но се отвора и шанса да се изгради еден силен женски фудбалски тим.
„Неверојатно сум возбудена за големите промени што ги правиме. Правиме голем чекор во нашата приказна за раст и стануваме дел од поголемото семејство Брера. Нашето партнерство ќе поттикне професионален раст во нашата организација и ќе обезбеди одлични услови за развој на нашите играчи Нашите играчи ќе имаат повеќе можности со припадноста на Брера, што ќе ги мотивира да работат повеќе. Станувањето Брера Тиверија ќе ни донесе поврзување со глобалниот фудбалски екосистем и ќе им обезбеди на играчите шанса да играат во странство. Исто така, ќе имаме шанса да изградиме силен европски тим во Струмица, Македонија и да го промовираме нашиот град и земја во странство.“ – изјави Александра Терзиски, Генерален Директор на Брера Тиверија.