Факти кои доволно говорат зошто ракометот е број еден национален спорт во Македонија!

812

Во Македонија засега само во еден спорт сме редовни учесници на големите натпреварувања, а истовремено младите надежи даваат импулс дека имаме право да се надеваме на продолжување на оваа традиција.

Оваа 2024 година повторно имавме причина за радост. Ракометната федерација на Македонија која изгради систем и стратегија, и неизмерно вложува во националните тимови има право да биде горда бидејќи резултати се уникатни за нашето поднебје. Ниту една друга селекција од останатите групни спортови не може да се пофали со вакви остварувања.

🔴Македонската женска ракометна репрезентација повторно ќе учествува на едно Европско првенство, овој пат изборено преку квалификации по 2022 година во која РФМ одлучи да биде ко-домаќин се со цел ракометарките да се натпреваруваат на континенталното натпреварување. „Црвено-жолтите“ ќе играат во Дебрецин против Шведска, Унгарија и Турција, а шампионатот ќе се одржи од 28.11 до 15.12 оваа година.

🔴Машката сениорска селекција веќе избори за седмото по ред Светско првенство, вкупно деветто во својата историја и ја продолжи традицијата на редовни учества на големите натпреварувања. Во Вараждин ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја. Сениорите имаат седум по ред на Европските првенства, а вкупно се осум. На последното ЕУРО кое се одржа во Германија оваа година го освоија 17-то место, ја победија Швајцарија, и загубија од велесилите: првакот Франција и домаќинот Германија.

🔴РФМ повторно зема обврска да организира шампионат во женска конкуренција, овој пат јуниорското Светско првенство, целта беше јасна – развој на женскиот ракомет. Македонија заврши 16-та во конкуренција на 32 тима, а РФМ повторно доби честитки од ИХФ за нова успешна организација и потврда на квалитетот и професионалноста која ја гае низ годините од кога на чело е Живко Мукаетов.

🔴Пред скоро време од Словенија добивме потврда дека допрва доаѓа генерација во која можеме да се надеваме на убави ракометни денови. Младинците на Европското првенство го освоија 9-то место, а во битката за истото ја совладаа велесилата Франција. Останува клубовите на овие момци да им даваат шанса за да прераснат во вистински лидери во сениорските води.

🔴Оваа година кога станува збор за учество на шампионати ќе ги гледаме и кадетите, и тоа за брзо време. Од седми август во Црна Гора стартува ЕП, таму ракометарите ќе ги одмерат силите против Франција, Германија и Полска.

  1. ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА – завери пласман на ЕП 2024 (Австрија, Унгарија и Швајцарија) од 28.11.2024-15.12.2024
  2. МАШКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА – завери пласман на СП 2025 (Хрватска, Данска и Норвешка) 14.01.2025 – 02.02.2025
  3. ЖЕНСКА ЈУНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА – заврши на 16-то место на Светското првенство кое се одржа во Скопје.
  4. МАШКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА – го освои деветтото место на ЕП У20 во Словенија
  5. МАШКА КАДЕТСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА – ќе учестуваа на ЕШ У18 во Црна Гора, 07.08.2024- 18.08.2024

Допрва не очекуваат квалификации за ЕП 2026 година со сениорската машка репрезентација која за противник ги доби Словенија, Литванија и Естонија.

Машка јуниорска ракометна репрезентација ќе учествува на СП 2025 во Полска откако на ЕП го освои 9-то место.

ПретходноСтружани ќе играат и против традицијата: Пјуник на осум мечеви во Европа против македонски клубови нема пораз!
СледноРусија му заплени на Хабиб неколку скапоцени автомобили, му ја заплени и куќата во Дагестан!