Фудбалскиот натпревар меѓу Аргентина и Мароко на ЛОИ во Париз не заврши со оние 2:2 постигнати во судиското продоление, затоа што судијата решил да го прекине мечот по нередите кои избија на трибините.
Како што објавија организаторите, фудбалерите се вратија на терен два часа подоцна за да го завршат својот натпревар од групата Б на машкиот олимписки фудбалски турнир. Цел свет имаше впечаток дека натпреварот заврши 2:2, но се покажа дека не е така. Израмнувачкиот гол за 2-2 на Аргентина бил поништен поради офсајд по преглед на ВАР. По ова навивачите почнале да фрлаат предмети на теренот, а неколку навивачи и упаднаа на теренот, по што судијата го прекинал дуелот, а не означил крај, како што информираа претходно медиумите.
По рестартот, двете селекции одиграа дополнителни три минути, а натпреварот заврши со победа на Мароко од 2-1.