И Охрид ги „запали моторите“ за новата сезона (ФОТО)

103

И екипата на ГРК Охрид денеска ги започна подготовките за новата ракометна сезона. Клубот во новата сезона ќе влезе со големи амбиции, зато ашто го очекува и интересна европска авантура.

На првата прозивка на шефот на стручниот штаб Стевче Алушовски во спортската сала „Билјанини извори“ се одзваа сите играчи, вклучително и новите засилувања, освен Луцијан Бура. Тој на екипата ќе и се приклучи по завршување на обврските во Париз, каде како светски шампион во ракомет на плажа го промовира „beach handball“ кој претендира да стане олимписки спорт.

На првиот тим на стартот на подготовките му се приклучија и Петар Николоски и Матео Силјаноски од младинскиот погон на ГРК Охрид, со што клубот продолжува да им дава шанса на играчите од сопствената школа.

Екипата подготовките комплетно ќе ги реализира во Охрид каде од 20 до 24 август ќе биде домаќин на силниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“. Од 29 август до 1 септември „гладијаторите“ ќе учествуваат на турнирот во Прилеп, а се прават напори да се обезбедат и дополнителни подготвителни средби во зависност од потребите.

ПретходноОсмани: Можевме и поубедливо, но оптимисти сме, можеме понатаму
СледноБабата на Јамал: “Што му правите на детето?!“