Полувреме: Струга ТЛ – Пјуник 1:1, Кехинде прво се избори за пенал, потоа тој направи фаул за пенал за Ерменците! (ВИДЕО)

126

Заврши првото полувреме во Охрид меѓу Струга ТЛ и Пјуник од првиот меч во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции со резултат 1:1.

Централна фигура беше Ланре Кехинде кој прво се избори за пенал за нашиот тим, Ибраими беше стрелец во 8. минута за 1:0.

 

За да потоа во Кехинде направи фаул во својот шеснаесетник за пенал за Ерменците и за 1:1,стрелец беше Вилела во 20. минута.

 

Според играта и шансите Струга ТЛ требаше да води барем со 2:1, иако и Пјуник покажа дека е навистина силен тим.

ПретходноСтрански инвеститор во женскиот фудбал: Брера Холдинг ја презема и ЖФК Тиверија!
СледноЛОИ 2024: Аргентина се спаси во продолжение, Шпанците тесно со Узбекистан