Што навистина се случува на релација Владимир Путин – Хабиб Нурмагомедов? До пред извесно време беа најголеми пријатели, но се чини дека веќе не е така. Имено руските власти пред неколку недели открија декалегендата на УФЦ на име на данок должи 3,4 милиони евра, а Хабиб тие пари не сака да ги плати. Несфатливо ако се знае дека тој поседува,според некои проценки околу 40 милиони евра.
Па затоа деновиве отпочната е заплена на дел од неговиот имот. Како прво му се запленети неколку скапоцени автомобили во вредност од 900.000 евра, како и неговиот дом во Дагестан. Исто така така замрзнати му се банкарските сметки.
Интересно е тоа што Хабиб не сака да дава било каква изјави за ова.Инаку тој веќе извесен период претстојува во Дубаи, а беше и неколку дена на ЕУРО 2024 во Германија.