Шампионот Е. Пелистер денеска ги започна подготовките за новата сезона (ФОТО)

84

Ракометарите на Е. Пелистер денеска ги почнаа подготовките за сезоната 2024/25. Во спортската сала „Боро Чурлевски“ тренерот Бранислав Ангеловски и неговиот стручен штаб ја направија првата прозивка.

На првиот собир се појавија Никола Митревски, Филип Ивиќ, Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Урош Борзош, Филип Кузмановски, Домен Тајник, Павле Атанасијевиќ, Павле Петровиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Кајо Цикетиќ и Жарко Пешевски, а кон екипата за подготовките се приклучени тројца ракомтари од вториот тим и тоа Богдан Мијушковиќ, Василије Печурица и Алем Хоџиќ.

Нејц Цехте е со словенечката репрезентација на Олимписките игри во Париз, додека Ненад Костески заздравува од повредата на коленото.

Екипата ќе се подотвува во Битола до 4 август, а потоа ќе замине на двонеделни подготовки на Златибор. Таму се предвидени два контролни натпревари. По враќањето од Србија, шампионот на Македонија ќе настапи на три подготвителни турнири до почетокот на официјалните натпревари.

ПретходноСинер нема да игра на ЛОИ во Париз поради воспаление на крајниците
СледноСтефан Стојановски ќе биде дел од стручниот штаб на РК Бутел!