Бензема повторно ги налути во Ал Итихад, причината е „светиот“ дрес (ВИДЕО)

239

Пред една година фудбалската јавност беше изненадена од одлуката на Бензема да го напушти Реал Мадрид и да потпише договор со Ал Итихад.

Ал-Итихад беше само трет клуб во кариерата на 35-годишниот француски напаѓач, кој започна како играч на француски Лион, а во Реал беше од 2009 година, каде испиша историја освојувајќи ги сите можни титули.

Вкупно за Реал постигна 354 гола и е втор стрелец во историјата на мадридскиот клуб. Прв е Кристијано Роналдо со 450 голови. Португалецот неколку месеци порано пристигна во Саудиска Арабија и го носи дресот на Ал Наср.

Повторно, Бензема овојпат се најде во центарот на вниманието поради неговото однесување кон навивачите на Ал Итихад. Навивачите на овој клуб го чекаа со дресови покрај ограда да им даде автограми. Французинот се преправаше дека е Англичанец и само мавташе со рацете и јасно стави до знаење дека не сака да потпише ничиј дрес, додека не виде навивач кој има дрес на Реал Мадрид.

Бензема веднаш му пријде, се потпиша на неговиот дрес и си замина, оставајќи ги во неверување сите навивачи на Ал Итихад, клубот кој го плаќа.

ПретходноДарко Сековски се врати во Вардар! (ФОТО)
СледноСензација на стартот: Јужна Кореја ги шокираше Германките