По речиси две години престој во Македонија ЃП, младиот офанзивен играч за врска Дарко Сековски (18) се врати во својот матичен клуб, се врати во Вардар.Тој веќе позираше со дресот на Вардар и веднаш им се приклучи на тренинзите на своите соиграчи на подготовките во Раденци (Словенија).
Сековски е актуелен У-19 репрезентативец на Македонија и важи за голем потенцијал, што секако дека добро ќе му дојде на стручниот штаб на Вардар во следниот период.